Што повеќе боли,Ти што ми го зема Домот или Јас што ќе ти ја земам Куќата?

Овој текст е продолжението и крајот на двата поврзани текстови :

Првиот дел и воведот во приказната : Живеејќи ги Туѓите животи,не видов што се случува во Мојот

Вториот дел од приказната: Ти не го зема него од мојот живот ти ми го зема животот

…………………………………………………………………………………………………………………………………………………………………

Го тргнав џемперот од мене  и му го вратив мобилниот.Моите движења кон куќата беа како пат до смрта: Или ќе умре нашиот брак,или ќе умрам јас во него .Одлуката морав да ја донесам . Детето во мене вриштеше на цел глас,но тој глас не илзезе на површина .

Ти дури не заслужи да викам на тебе ,ти не заслужи дури ни да разговарам со тебе ,ти не заслужи да ти бидам лута…..но незнаев на кого треба да се лутам?- на себе за ваквиот избор во животот или на тебе што одлично ја одглуми оваа престава на брак.

Утрото е попаметно од ноќта………легнав

pwlina38Не, неуспеав да заспијам се опростував од него цела ноќ.Станав од креветот се симнав во дворот тој сеуште седеше онаму каде што го оставив .Направив доручек и го повикав да влезе.Очите му беа крвави,телото беспомошно се мачеше со секој покрет додека доаѓаше накај мене .

-Те молам да разговараме ….ме стисна силно за раката

-Немаме за што да разговараме,мислам дека тоа многу порано требаше да го направиме…..се завртев и отидов кон кујната.

После мене се довлечка и тој.  Остана запрепастен кога ги виде куферите.Се навали кон мене и со очајнички глас ми се обрати :

-Те молам не заминувај ,овој дома нема никаква смисла без тебе ,те молам не ме напуштај што да им кажам на децата.Те молам оваа куќа е твоја ,ова е твојот дом неможеш туку така да си отидеш..

Јас веќе овој очај на вистината го имав поминато .По втор пат ја тргнав неговата рака од мене се доближив доволно блиску до неговиот лик за подобро да ме слушне:

-Ми се допаѓа како размислуваш.Токму поради сите овие причини што ги наброја нема да заминам јас,туку ќе заминеш ти од мојот дом.

-Те молам не ми го прави ова,премногу те сакам немој да не разделиш.Каде да одам ова е и моја куќа(очајничките зборови излегуваа како река од твојата уста,волку немаше зборувано за сите овие години што ги поминавме заедно)

Огорченоста веќе беше мој господар , го гледав со циничен поглед и го запрашав :

-Што мислиш што е поболно ти мене што ми го зема домот,или јас тебе што ќе ти ја земам куќата?

Се тргнав од таа просторија на гнев и во одење го удостоив со моето последно обраќањ

Man carrying luggage

-Твојот живот замисли успеав да го спакувам во 2 куфери,верувај ништо твое не е останато тука за да немаш потреба да се враќаш.Ако имаш барем малку достоинство те молам замини пред да ги разбудам децата

Ја гризанав силно раката за да не испуштам ниту крик.Несакав ниту на еден момент да се посомнева во мојата одлука.Сигурно оваа беше таа граница за која зборуваат луѓето.Границата помеѓу љубовта и омразата.Се понатаму се случи како во магла ништо не паметам.

Деновите ги поминував во спиење ,ноќите во плачење.Се борев за депресијата да не го заземе својот трон над мојот живот .Но сето тоа некако ми изгледаше невозможно.

Полека се враќав во живот,фантазирајќи дека тој во секој момент ќе се врати од многубројните службени патување.Пробував да заборавам на сето она што се случи.Но човечкиот мозок е проклетија,заборава тоа што треба да го памети а го памети тоа што сака да го заборави.Ме болеше неговото отсуство.Многу често се присетував на нашите преубави моменти,и не сакав да си признаам но јас го сакам тој проклетник,јас го сакам тој гад ,јас го сакам ѓаволот и му дозволив да живее во рај.

Со месеци ги игнорирав пораките и пропуштените повици, ги игнорирав прашањата на моите деца игнорирав се што имаше допир со реалноста.Единствено нешто што ме исплаши беше дипломирањето на мојата ќерка.Поминаа моите пеколни 6 месеци сега повторно треба да го сретнам .Како ли ќе го издржам сето тоа.

Забавата беше закажана за во петок.Се почуствував како девојче во пубертет.Цела недела мислев што ли да облечам,дали ќе изгледам убаво,вежбав како да го игнорирам,како да се смеам на нашите пријатели и дојде и тој ден .

Ken-Cravillion-Photography_Fathers-Day-9Дојде тој момент како низ сенка некаде во далечината се појави ти.Телото ти беше свиткано и слабо ,главата ти беше наведната надолу , рацете ги држеше во џеб(како и секогаш) и немаше ниту трага од твојата насмевка по која те запаметив и во која бев заљубена.На момент сакав да ти пријдам да те фатам силно за рака и да те речам …

-Се ќе помине ајде насмевни се!-потоа ме фати страв дека можеби си нешто болен.Наеднаш се изгуби од мојот поглед.Моето размислување го прекина нашата ќерка, кога како ангел дотрча и те прегрна силно.Те тегнеше кон мене :

-Мамо види тато се врати за мојата дипломска.Многу ни недостасуваше татичко.Мама секое утро и твојата чинија ја ставаше на масата.Ја слушав кога шепотеше….ајде може сега ќе се појави низ врата.

Не бевме битни ние во тој момент,беше битна само среќата на нашата ќерка.Овој маскембал кој го приредивме беше и првото преминување кон реалноста до тогаш немав излезено никаде .

Ја испративме нашата ќерка на прослава со своите пријатели во диско и останавме како некогаш,насмеани лица ние двајца со нашите пријатели и најблиски роднини.

Неколку пати избегав од твојот поглед ,додека ме препотуваше вознемиреноста и омразата кој тлееше во мене ,срцето како да  ме тераше силно да те прегрнам.

Занесена во разговорот со пријателите наеднаш некој замоли за тишина на микрофонот.Тоа беше ти.Се завртевме сите кон тебе.Каква драма направи од нашите животи ,за прв пат се наоѓаше на вистинското место ,на сцена меѓу глумците.Започна.Целата се претворив во уво,зарем остана нешто паметно што можеш да кажеш.

-Добро вечер драги мои пријатели и роднини.Знаете зашто сме собрани сите вечерва,да го прославиме успехот на мојата ќерка.Но јас сум вечерва дојден за да го признаам неуспехот во мојот живот.Сите знаете каква глупост направив.

Како некој да направи магија сите ги наведнаа главите .Тој продолжи….

-Помеѓу вас се наоѓа жената која ми покажа каде им е местото на луѓето како мене .Ми ја  докажа реченицата , дека кога ќе ме напушти таа, навистина ќе останам сам .Се чуствувам ужасно.Подобро ќе беше да ме убие.Подобро ќе беше да не сум жив , а не да ме казни со своето отсуство.Прв пат од мојата 20-та година останав без неа.Го изгубив правецот ,неможев да размислувам,престанав да работам,прстанав да јадам ,не го сакав сонцето кога ќе изгрее затоа што ме потсетуваше дека поминал уште еден ден без неа.

Подголтна,ги избриша солзите воздивна силно и продолжи:

men-do-cryМи беше пред очи,секој ден уживав во нејзините песни кои ужасно звучеа,можев да уживам во нејзината кожа,да се радувам на нејзините цвеќиња и да бидам благословен од нејзината безусловна љубов и доверба.

-Но ја изгубив ,незнејќи што губам ,незнејќи да ја препознаам вистинската љубов .Тука сум за да признаам ,тука сум за да ве замолам да ми помогнете и да и дозволите да ми прости.Тука сум за да признаам дека  се она што го имам и се она што сум јас е нејзина заслуга.Клекна на коленици.

Јас одлично се држев со извежбаниот поглед на ладнокрвност .Сите плачеа.Ја слушав и неговата мајка која неможеше да се воздржи па одвреме на време испушташе и крикови .Тој продолжи

-Те молам животе мој ,најмила моја дозволи му на овој грешник да побара прошка од тебе . Дозволи ми да те сакам до крајот на нашиот живот,дозволи ми покорно да ти покажувам колку се каам за секоја минута што сум те повредил сите овие години.Дозволи ми да го живеам нашиот живот.

Ја извади бурмата од џеб која му ја спакував кога го избркав  и покажа кон мене…..

Вечерта заврши заминавме  дома.

Enjoyment - free happy woman enjoying sunset. Beautiful woman in a white dress embracing the golden sunshine glow of sunset with her arms outspread and face raised to the sky enjoying peace and serenity of nature

Осамна утрото.Целата летав. Излегов во дворот и му се обратив на сонцето:

-ДА,му простив , сега можеш да ми завидуваш. Да имаше ти барем малку храброст како мене никогаш немаше да дозволиш облаците да те покријат.

Напишете коментар